Мислеа дека ќе ја контролираат како Шилегов? Крилото на ДУИ во УЈП со жестоки закани кон Данела затоа што не дозволи башибозук во Комуна?
Абдул Селам Селами е член на владеачката Демократската унија за интеграција.
„Даноци на имот, плаќања за вода, за општинска хигиена, за паркови и зеленило – тоа се плаќања од истите граѓани, кои ТИ со ова твое владеење ги запоставуваш и ги третираш како граѓани од втор ред. Немате предвидено ниеден кадар-Албанец во дирекцијата, каде што раководи градот Скопје, па од неодамна почна и да отпушташ работници-Албанци од работа! Саламандии можеш да кажуваш во приватниот сектор, или во твојата компанија, од каде што доаѓаш, но НЕ и со народните пари на граѓаните на Скопје“, напиша Селами на фејсбук.