ЛЕВИЦА СО ПОДРШКА ЗА УМЕТНИЦИТЕ ПО НАЈАВАТА ЗА ЦЕНЗУРА ОД СТРАНА НА СДСМ И ДУИ: По падот а профашистите од СДСМ и ДУИ творештвото на уметниците ќе се претвори во чекан

46
ЦЕНЗУРАТА КАКО МЕТОД НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ
⛔ Во нашите претходни партиски реакции како аргументи против Протоколот за решавање на спорот со Бугарија ги предвидовме штетните импликации од неговото прифаќање кои неминовно ќе ги има во сите сфери од општествениот живот во Македонија. Потврдата дека е така денеска стигна токму од Министерството за култура, односно од министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која најави дека во согласност со Протоколот, под превезот на „говор на омраза“ државата ќе го цензурира уметничкото и научното творештво.



⁉️ Дури министерката, која очигледно културата ја поима само како средство за разонода на масите, небаре е пикник активност, за да нема „говор на омраза“, на уметниците им сугерираше дека отсега ќе треба да творат „во духот кон тоа што ќе го расположи народот и публиката“?!



⁉️ Очигледно дека од Владата, на чело со министерката за култура, уметноста и културата воопшто имаат намера да ги користат како опиум за масите, како алатка за бегство од реалноста со која ќе создаваат илузии кај народот за „просперитетна“, „европска“ и „НАТО-вска“ Македонија; дека и покрај разнебитувањето на државата, деградирањето на идентитетот и историската посебност на македонскиот народ и потиснувањето на неговата култура, и покрај тешката економска состојба и сиромаштијата, тој (народот) треба да биде расположен и да не негодува кон Власта поради парталавиот живот што го живее.



🚫 Со спроведувањето на Протоколот како диктат од Софија Владата има намера да ја цензурира културата доколку таа во својата содржина претставува било каков израз на материјалната реалност и економска неправда, да го задуши секој креативец – научник или уметник – доколку тој со своето дело ја изрази вознемиреноста, болката, со крајна намера да го сосече во корен народниот протест против политиките на предавничката, расипничка и корумпирана власт. Министерката ни откри дека Владата претендира културата да ја сведе единствено на воздишка на угнетените.
🏺Но, владејачките структури и Министерката за култура треба да знаат дека низ историјата во минатото народната култура и поривот за духовно творештво на македонскиот народ многупати бил угнетуван и потиснуван на сличен начин и со слични фашистички методи. Сепак, тоа не довело до негово згаснување. Напротив, колку повеќе македонскиот народ е угнетен толку поголем е неговиот пркос.
✒️ Творештвото на македонскиот народ, без разлика колку и да биде загушувано од страна на злокобниот и поданички бирократски апарат на власта ќе продолжи и не само што ќе биде огледало кое ќе ја одразува реалноста низ храброста нештата да се нарекуваат со вистинскотото име, туку и после падот на профашистичката власт на СДСМ и ДУИ неговите творби ќе се претворат во чекан кој ќе ја разобличи срамната и бедна реалност до која е доведен македонскиот народ под оваа квислиншка власт.
✊ Ние нема да останеме рамнодушни и незаинтересирани, уште помалку спокојни кон материјалните услови во кои крерира македонскиот уметник, но исто така нема да дозволиме тој да потклекне пред бирократские стеги кои се стремат да го потчинат и скротат кретивниот дух на македонскиот интелектуалец.
🚩 Напорите да си создадете ваша официјална уметност, како што се обидувате да создадете и ваша официјална историја преку нејзина груба ревизија, нема да ви успеат ни со помош на вашите купени и маскирани интелектуалци на кои ублажувањето на криминалот им е единствен креативен чин и со самото тоа нивен извор на среќата, но на грбот на несреќата на цел еден народ. И вашиот бирократски апарат може да ги порази само таквите наемни уметници. Македонија имала и ќе има исклучителни таленти кои се способни да ја сублимираат социјалната и историска содржина на својот народ и длабоко да ја почувствуваат неговата трагедија/драма, на тој начин оживувајќи го својот внатрешен свет. Нивното творештво ќе ја помогне силата на народот која ќе се спротивстави и ќе го сруши вашиот режим кој го уништува идентитетот, достоинството и гордоста на Македонецот.
Можеби ќе ти се допаѓа
My Blog