Калајџиев за Русковска: Повикувањето на странски фактори значи дека работата е дојдена „нож до коска“
Професорот Гордан Калајџиев во интервју за Радио Слободна Европа ги коментира последните случувања во обвинителството, повикот за помош на обвинителката Вилма Русковска до странските амбасадори и за истрагата во финансиската полиција.
Повикувањето на странски фактори значи дека работата е дојдена „нож до коска“ и со тоа се признава дека системот е во сериозна криза и мора сериозно да му се пријде, вели професорот Гордан Калајџиев по повикот на обвинителката Русковска за странска помош во случајот со Муареми.