ШОК ЗА САД! Земји на ЕУ тајно аправиле договор со Пути и купуваат руска нафта од ова пристаниште

Западните земји најдоа начин како тајно да купуваат руска нафта откако воведоа санкции против Русија.

Нафтата ја купуваат од египетското пристаниште Ел Хамра, каде што руската нафта се носи со танкери, а потоа се меша со нафта од локално потекло, пишува Блумберг, повикувајќи се на податоци за движењето на танкери.

Според агенцијата, на пример, на 24 јули, околу 700.000 барели руска нафта биле испорачани на Ел Хамра. Подоцна, друг брод однел дел од нафтата од пристаништето, која можеби била целосно руска нафта или делумно вклучувала нафта од Русија.

До пристигнувањето на рускиот танкер, вториот брод веќе бил во пристаниште неколку дена и се оддалечил од кејот за да му дозволи на рускиот танкер да се закотви. Кога вториот брод тргнал од Ел Хамра на 28 јули, тој бил речиси целосно натоварен.

Терминалот на пристаништето Ел Хамра има шест резервоари за складирање во кои може да се сместат 1,5 милиони барели сурова нафта.

Објектот е изграден за ракување со сурова нафта произведена во западната пустина во Египет – за да може нафтата од Русија да се меша со локалната нафта, објаснува Блумберг.

Иако европските земји веќе одбиваат да купуваат руска нафта поради нејзината „токсичност“, лидерите на ЕУ успеаја да се договорат за формална забрана за увоз дури на крајот на мај.

Европа одлучи да воведе делумно ембарго (забрана) на руската нафта, што ќе влијае на две третини од руската нафта транспортирана по морски пат. Извозот на гасоводот нема да биде засегнат од мерката. Забраната ќе стапи на сила на крајот на 2022 година.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа