Подготовка за голем конфликт на Балканот: Грција почна да копа ровови

>

Грција ги става своите вооружени сили во состојба на висока готовност. Според Le Figaro, грчката армија копа ровови и ги концентрира силите во регионот на Тракија поради турската закана.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно ја повика Грција да престане да ги вооружува островите во Егејското Море и да ги следи меѓународните договори во изјавата што може да доведе до опасна ескалација меѓу двете соседни земји.

>

Грција треба да „избегнува соништа, изјави и постапки за кои ќе зажали“, рече Ердоган за време на воените вежби на западниот брег на Турција, во кои учествуваа и воените сојузници.

„Соберете се. Не се шегувам“, рече Ердоган во изјавата за Атина. Тој тврди дека Грција дозволува воени вежби, вклучително и на НАТО и на трети земји, на острови кои немаат воен статус. Ваквите потези „може да имаат катастрофални последици“, предупреди Ердоган, додавајќи дека Турција нема да се воздржува од преземање активности според меѓународните договори, иако тој дополнително не ја објасни својата позиција.

>

Сивите волци“ му подарија на својот неофицијален лидер и владин партнер на Ердоган, Бахчели, слика со мапа на која се прикажани Крит и островите во источниот дел на Егејот како дел од Турција.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа