Колумнистот на антиамериканскиот и антиЕУ парапортал и пропагандно фејк провладино ѓубре Фронтлајно почна со навреди и закани кон деца

МОИТЕ ДЕЦА ВО ПОГАНАТА УСТА ТРИЧКОВА
Бранко Тричковски ми посветил колумна на Фејсбук, во која се потрудил да го одбрани срамното цензурирање на песната “Во борба, македонски народе”. И при тоа решил да ме опомене дека не сум ја разбрал неговата “славна” колумна во која ја слави и величи бугарската окупација на Македонија.
Кои се аргументите на распрдениот Тричковски, освен стандардното обвинување дека јас сум бил фабрика за производство на афери?
Нема аргументи, се разбира.
Антимакедонизмот, омразата и опседнатоста со посакуваната смрт на Македонија и на сите во неа што не му се по волја, не се бранат со аргументи. Тричковски настапува со својата комична поза на некаков “филозоф” што никој не може да го разбере и со стандардниот говор на омраза, кој често е принуден да го оправдува како “метафорично изразување”.
Сепак, ова писание на македономрзецот е уникатно по тоа што далеку ги надминува вообичаените навреди и вулгарности, на кои веќе сум навикнат.
Овој пат Тричковски бил толку изместен од својата лагодна позиција на принц на сдсмовската пропаганда што посегнал и по “аргумент” којшто целосно ги разобличува подлоста и нискоста како негови главни карактерни особини.
Не знам што го исфрлило од колосек, но ете, барајќи да “абдицирам”, Тричковски ќе го напише и ќе го потпише и ова:
“Јас мислам дека и децата на Геро ќе бараат чаре од татко им, некаде надвор, односно ќе останат тука само ако тој отиде накаде далеку од Македонија”.
Е, другарки и другарчиња, тоа е вашиот “филозоф”, слабакот Тричковски – ги спомнува моите деца, како некаков финален и брутален “аргумент” против нивниот татко.
Тоа е начинот на кој првата перјаница на пропагандата на СДСМ решила да ме повреди. Веројатно очекувајќи и јас да се спуштам на неговото “филозофско” ниво и да ломотам сега нешто за неговите деца и за нивниот татко.
Се разбира дека тоа нема да бидне. Никогаш на овој шапшал не сум му посакал некакво зло да му се случи, а не пак да помислам да го повредам неговото семејство.
Каков лудак треба да си, каков неранимајко, каков комплетен идиот, за само да помислиш, а не пак да напишеш нешто онакво за децата на својот соперник?
За својот беден престап, Тричковски веројатно ќе мора да си поразговара со своите најблиски. Пожелно и со психијатар. Како и да е, мене нека ме исклучи од таков вид расправа. Немам ни својство, ни капацитет, а ни стручност, за да му помогнам.
Ми останува само да ја исполнам обврската што ја презедов при моето претходно спомнување на македономрзецот. Еве, да спомнам неколку ликови (од вкупно педесетина), на кои им се допаднал начинот на кој Тричковски “дебатира” со мене, вклучувајќи го и неговото алармирање на моите деца:
Александар Ристески (вработен во Собранието на РСМ), Лилјана Потиќ (вработена во МВР), Раде Пејковски (вработен во Клиничката болница во Битола), Панда Зографска Беличанец, Лидија Пренџова, Кирил Илиевски, Емилија Целакоска…
ПС. Се извинувам што не дозволувам коментирање на овој пост. Не сакам на лудакот алиби за бесчестието да му биде тоа што би бил критикуван и веројатно и навредуван во некои ваши коментари.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа