Одговорот на Марија Захарова на медиумско прашање за односот на МНР на Русиjа кон одлуката на властите на Северна Македонија да предаде тенкови Т-72 на Украина.
Навистина, на 29 јули годинава се дозна за оваа одлука на Скопје. Министерството за одбрана на Северна Македонија потоа дообјасни – наводно станува збор за тенкови од „третата генерација“ од баталјонот, кои наскоро ќе биде распуштен, а самите возила во иднина требаше да се заменат со модерни како неконкурентни.
И покрај тоа што, според тврдењето на власти на Северна Македонија, станува збор за „безопасна“ испорака на застарена опрема, факт е дека во поданичкиот јуриш кон НАТО (пред сè) Скопје учествува на пумпање оружје на Украина, со што придонесува за продолжувањето на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои се колнат во демократија, слобода и човекови права, треба да знаат за тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Северна Македонија.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?