ОТКАЖУВА ЛИ ПОСЛУШНОСТ ПАРТИСКАТА „ПЕШАДИЈА“ НА СДСМ? На Илинден да си ги викнете дебелите директори и функционери што јадат шкампи!

Каде ви се ликовите со по три до пет вработени по фамилија? Каде ви се директорите со дебели газови што јадат шкампи по елитни ресторани додека дел од членството нема пари да си плати кафе? Каде ви се спонзорушите и мисиците, кои ги топорите на слики кога има владин хепенинг“ – пишува еден експониран активист на СДСМ.

Дали за празникот Илинден во Крушево се подготвува „пресметка“, некој тоа би го нарекол циркус, меѓу двете најголеми македонски партии, во која тие ќе се обидат да си ја „измерат“ народната поддршка што ја уживаат?

И двете партии на разни начини се обидуваат да го мобилизираат своето членство да присуствува на прославата на Мечкин Камен, со неизвесен исход. Со оглед на напнатата политичка ситуација, по прифаќањето на т.н. Француски предлог во Собранието, и со оглед на досегашната неславна традиција, не се исклучени провокации за време на прославата, иако сепак посериозни инциденти не се очекуваат. Полицијата вели дека презема мерки за да не дојде до инциденти, ниту меѓу двете групи партиски навивачи, ниту меѓу народот и политичарите.

Владината делегација на прославата на Мечкин Камен во Крушево ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски. Во негова придружба ќе бидат вицепремиерите Артан Груби и Славица Грковска и министрите Оливер Спасовски и Бисера Костадиновска-Стојчевска. Владината делегација изутрината ќе се поклони пред гробот на Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, потоа ќе присуствува на панихида за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“, а церемонијата на Мечкин Камен ќе почне во 11:30 часот, со свечен говор на премиерот Ковачевски.

Во пресрет на празникот СДСМ со циркуларни СМС-пораки ги кани своите членови и поддржувачи да присуствуваат на прославата во Крушево, информирајќи ги дека за таа прилика е обезбеден бесплатен автобуски превоз, кој тргнува од Цветниот пазар во Капиштец. Во пораката што ја добивме од член на СДСМ се вели дека „сите кои сакаат може да присуствуваат на настанот“.

Извор: Плус Инфо

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа