Димитриевски: СДСМ не е вистинска власт, туку приврзок на ДУИ кој е ГАЗДА во Македонија

Со своите ставови, определба, јасна политичка бриткост, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е функционер кој се издвојува од класичниот стереотип политичари. За себе вели дека е класичен социјалдемократ со видици и ставови многу пошироки од актуелното раководство на СДСМ.

Во празничното интервју за весникот ВЕЧЕР вели: „Во СДСМ владее една мала политичка елита, која е базирана на клиентелистички основи, личен интерес, без државна и национална стратегија и единствена определба и визија е како да се зачуваат сопствените фотелји. Всушност, СДСМ не е вистинската власт, туку е приврзок на ДУИ, кој ги диктира политиките на владата и е грубо кажано ГАЗДА во Македонија“.

Димитриевски е идеен творец на движењето „За Наше Куманово“, во кое голем број граѓани гледаат светла точка за излез од темното општествено-политичко секојдневие.

Открива, дека се раѓа едно ново граѓанско движење или политичка опција со јасна визија, што ќе предизвика внимание и заинтересираност кај граѓаните, а кое ќе резултира со победа на следните парламентарни избори и ќе направи позитивни промени во државата“.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа