Коцарев повторно распали: „Кај ќе бегате трговци со македонизмот и со достоинството на Македонија и Македонците кога ќе избувне пожарот?!“
„Во изминатите години Македонија се претвори во место каде што царуваат неуки трговци со државните интереси, трговци со македонизмот, продавачи на честа, доблестите и достоинството, пред сѐ на македонскиот народ, но и на сите граѓани на Македонија.“ – вели Љупчо Коцарев, претседателот на Македонската академија на науки и уметности, во својата анализа, која весникот „Нова Македонија“ ја најавува за објавување в петок, 29.7.2022 година.
„Ода на разнебитувањето“
Во изминатите пет години ‘ограбени се храмовите и светиите, исмеани се честа и доблестите, понижени се гробовите и животите, извалкани се опелото и крштевките’.“
Во изминатите пет години ‘својата мудрост ја расфрлавме на избори, својата храброст на измами и бедотии, на иднината ѝ ги затрувме сите извори, а поразите ги прогласивме за победи’.“
„Но кога пожарот ќе ги зафати сите страни, каде ќе бегаме од светлината и од судот?! Каде ќе бегате од светлината на вистината и од судот на вашите поколенија?!“