ПАНИКА ВО ЕВРОПСКА ЗЕМЈА! Премиерот ја крена нацијата на нозе: „Можеме да бидеме следната цел на РУСКАТА ИНВАЗИЈА“

Во интервју за Си-Ен-Ен, премиерката на Молдавија, Наталија Гаврилица, ја изрази својата загриженост дека земјата може да биде следната цел на „руската инвазија“.

– Загрижени сме, се разбира. Ризикот постои. Сè уште е хипотетичко сценарио, но ако руските сили се придвижат кон југозапад и кон Одеса, тогаш, се разбира, ќе бидеме многу загрижени – изјави премиерот на Молдавија.

– Тоа е многу тешка ситуација, не само за Молдавија, туку за секоја мала земја, секоја држава која се потпира на меѓународниот поредок заснован на правила. Ако една земја може да започне војна за анексија без да се води сметка за меѓународното право, тогаш никој не е безбеден и мислам дека многу земји треба да бидат загрижени – додаде таа. 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа