Путин ја започнува втората фаза: Русија ќе го разниша светскиот финансиски систем

Русија се стреми да ја елиминира потребата од глобалниот банкарски систем SWIFT, изјави Максим Орешкин, советник на Владимир Путин.

>

„Што се однесува до SWIFT, тоа е многу едноставно. Ќе направиме се за да нема потреба од него. Тоа е всушност клучна задача во моментов“, изјави советникот на рускиот претседател.

 

>

Орешкин истакна дека светот ги користел доларот и еврото затоа што „било погодно“, пишува „Новости“.

„Целиот свет беше заложник на западниот финансиски систем бидејќи сите беа навикнати на тоа, на сите ни одговараше. Кристално е јасно зошто Русија и Кина користат долари или евра. Само од навика“, рече Орешкин, додавајќи дека ситуацијата сега е променета и дека циркулацијата на рубли и јуани расте.

>

Орешкин најави и дека Централната банка на Русија би можела дополнително да ја намали каматната стапка и дека за тоа ќе се разговара на состанокот на 22 јули.

На 24 февруари Русија започна воена операција во Украина. Претседателот Владимир Путин рече дека нејзината цел е „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на геноцид од режимот во Киев“.

>

Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, вооружените сили на Руската Федерација на 25 март ги завршија главните задачи од првата фаза – значително го намалија борбениот потенцијал на Украина.

Почитувани читатели, на нашиот Telegram канал можете да ги следите нашите најдобри вести како и оние кои не ги објавуваме на други мрежи поради специфична содржина

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа