Силен потрес од Брисел: Европската комисија не го признава македонскиот, зборува за ,,јазикот на луѓето од Република Северна Македонија”
Дописничката на Македонската информативна агенција МИА Тања Милевска објави видео од кое се гледа дека Европската комисија не зборува за признавање на македонскиот јазик туку за јазикот на луѓето во Република Северна Македонија.
На прес брифинг во Брисел Милевска прашува дали вчерашната изјава за почитување на македонскиот јазик дадена од шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик. Милевска го споменува и договорот за мисијата Фортекс за кој има спор дали македонскиот јазик ќе биде впишан како таков или ќе биде јазик на Република С Македонија.
Во одговорот заменичката портпаролка на ЕК Дана Спинант вели дека Фон дер Лајен зборувала за јазикот на луѓето во Република Северна Македонија која таа го нарекла македонски.
На директно прашање дали тоа значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик Спинант вели дека нема да навлегува во толкување на изјавата на ФОН дер Лајен.
Притоа таа ја повторува фразата ,,јазикот кој го зборуваат луѓето во Република Северна Македонија”.
Оваа изјава на официјален Брисел е сериозен удар за владата на Ковачевски, СДСМ и ДУИ кои тврдат дека со францускиот предлог македонскиот јазик е бетониран и ,,чист”.
Според изјавата на портпаролката на ЕК унијата не потврдува дека го признава македонскиот јазик.
Видео за тие што знаат англиски јазик