15 ЗЕМЈИ ЌЕ БАНКРОТИРААТ ДО НОВА ГОДИНА? Европа ќе биде во мрак, без семафори и со клими до 17 степени

Банкротот на земјите во развој ќе влијае на земјите во Западна Европа. Нивните долгови на луѓето од Запад им носат над 10 отсто од приносот, но сега барем четвртина од тој износ ќе биде скратен. Европските земји ќе изгубат повеќе од кризата во 2008 година, покажува Блумберг-Агрегејт-Соверејн индексот.

Египет, Тунис, Либан, Шри Ланка, Гана, Пакистан, Ел Салвадор и куп други земји би можеле да банкротираат до крајот на 2022 година, поради светската криза со гас, нафта и храна. Тие нема да можат да враtат околу четвртина трилиони во долгови. Речиси 900 милиони луѓе од 19 земји се на ризик, а 15 од нив ќе банкротираат, пишува Блумберг Економик. Ова ќе влијае и на Европа која добива големи пари од долговите кои земјите ѝги исплаќаат.

Во анализата на Блумберг, вклучени се и двете земји кои војуваат, Русија и Украина, а за Русија се знае дека веќе е во банкрот бидејќи земјата не може, поточно не смее да ги исплати своите долгови поради западните санкции.

Прашање е и колку Украина ќе издржи да ја финансира војната, без разлика што Западот финансиски ја помага. На листата нема други земји од Европа, но сепак на европските земји може да им биде најтешко во друг поглед, а тоа се струјата и енергијата. Тие веќе спремаат мерки.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа