Мега експлозија на Апасиев: 5 агенти на ЦИА се во земјава за да предизвикаат граѓанска војна?

Пратеникот од Левица Димитар Апасиев реагираше на денешната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за насилството на вчерашниот протест. Апасиев истакна дека проблемите ги направиле уфрлени провокатори од Агенцијата за национална безбедност.

Синоќа не ви влеговме во стапицата на тајната полиција. 50-темина уфрлени провокатори со качулки од АНБ, кои застанаа пред транспарентот на Левица, беа навреме “прочитани” и левичарите се дистанцираа од нив со санитарен кордон! Не ви паѓаме на тие ефтини финти, за после да имате основ да го поапсите цело раководство на Партијата (како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки, кои дошле пред два дена во Македонија)“, напиша Апасиев на Фејсбук.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа