Близок соработник на Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета светска војна.
„Лондон ќе биде првата стратешка цел на НАТО што ќе биде погодена од руски ракети доколку избие трета светска војна“, изјави близок соработник на претседателот Владимир Путин, Андреј Гуруљов за руската државна телевизија.
„Ќе уништиме цела група непријателски вселенски сателити за време на првата воздушна операција. Не ни е гајле дали се Американци или Британци, сите ќе ги гледаме како НАТО“, изјави Гуруљов, а пренесува Индипендент.
Алекс Валерстајн, нуклеарен историчар од Технолошкиот институт на Универзитетот Стивенс, создаде една од алатките, симулаторот Nukmap, кој покажува што би се случило ако нуклеарна бомба експлодира во област.
Симулаторот е дизајниран да ги пресметува последиците од бомбашките напади.
„Живееме во свет во кој прашањата за нуклеарното оружје редовно се на насловните страници, но повеќето луѓе сè уште имаат многу лош впечаток за тоа што всушност може да направи експлозивното нуклеарно оружје“, рече Валерштајн.
Тој нагласи дека тоа е само проценка, а не прецизна пресметка.