Под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ пред Владата трет ден по ред, продолжи протестот против прифаќањето на „француски предлог“ за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на владата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да ја гаѓаат владата со јајца, камења и петарди.