РУСИЈА: „Биолабораториите се всушност воени објекти на НАТО и би можеле да не нападнат“

Американските биолаборатории, создадени надвор од националната територија, всушност станаа воени објекти на НАТО.

Ова го изјави заменик-претседателот на руската Државна дума Ирина Јароваја.

 

Копретседателот на парламентарната комисија за истражување на американските биолошки лаборатории во Украина предупреди дека овие лаборатории може да се користат за непредвидливи биолошки напади, пренесува агенцијата ТАС С.

„Во светло на вчерашните последни изјави на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и на официјални претставници на НАТО кои ја наведуваат Русија како еден од нивните непријатели, можеме слободно да кажеме дека нивните изјави за создавање дополнителна воена инфраструктура на НАТО, почнувајќи од 2014 година, се однесуваат на објекти кои се појавија во Украина. Американските воени биолошки лаборатории се всушност воени објекти на НАТО“, нагласи Јараваја.

Таа предупреди дека тие претставуваат особена опасност за Русија и нејзините сојузници, бидејќи „тие делуваат под превезот на строга тајност и, несомнено, во секој момент можат да се користат како полигон за непредвидливи и непредвидени биолошки напади“.

Почитувани читатели, на нашиот Telegram канал можете да ги следите нашите најдобри вести како и оние кои не ги објавуваме на други мрежи поради специфична содржина

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа