КАМЕРИ СНИМААТ МОМЕНТ НА УДРУВАЊЕ РАКЕТА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Зеленски објави видео од хорор во Кременчук (ВИДЕО)
Во нападот загинаа 20 лица, а 59 се повредени . Според последните информации, околу 36 лица се водат како исчезнати.
– Сакаа да убијат што повеќе луѓе во мирен град, во обичен трговски центар – рече Зеленски.
Операциите за пребарување и спасување продолжуваат додека работниците ги демонтираат оштетените градежни конструкции за да ги извлечат оние кои се уште се заробени под урнатините.
Судејќи по снимките кои беа објавени на Твитер, на местото каде што се наоѓаше трговскиот центар остана само печката за согорување. Целата структура е уништена. Спасувачите неуморно работеа во текот на ноќта, обидувајќи се да спасат што е можно повеќе луѓе.
– Бескорисно е да се надеваме на пристојноста и хуманоста на Русија – напиша Зеленски на својот канал Телеграм, непосредно по рускиот напад.