Милошоски утрово во полициска станица ги пријавува ордите на ДУИ кои се закауваат со кршење раце

Пратеникот Антонијо Милошоски во моментов се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, каде пред надлежен началник го пријавува  функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура за синоќа, дознава МКД.мк.

Азири синоќа предку Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски, со нанесување на телесни повреди.

Кривичното дело може да се дефинира според член 394 – г од Кривичниот законик.

Инаку, Азири го избришал својот пост, но е веќе пренесен од многу медиуми, а воедно, МВР може со офоцијално барање упатено до Фејсбук (Мета) преку ајпи адреса да го добие постот како материјален доказ.

Aзири од својот Фејсбук вчера по инцидентот кога Адеми со предмети фрлаше кон праатеници на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса порача:

„Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа