СТЕЈТ ДЕпартментот ПРИЗНА: Русите ни испотепаа многу војници! Уште еден Американец убиен во Украина, се појавија сите детали (ФОТО)
Еден американски државјанин беше убиен во борбите во Украина минатиот месец , откако стана еден од илјадниците странски борци кои зедоа оружје против руските сили, соопшти Стејт департментот.
– Можеме да ја потврдиме смртта на американскиот државјанин Стефан Забиелски во Украина. Бевме во контакт со семејството и ја пруживме секаква можна конзуларна помош. Од почит кон семејството, немаме што повеќе да кажеме во овој тежок момент – изјави портпаролот, пренесува NBC News.
Забјелски имал 52 години и е вториот Американец кој загинал во борбите во Украина и се борел на нивна страна.
Неговата смрт првпат беше објавена во некролог во весник. Во него се наведува дека Забјелски бил убиен на 15 мај додека се борел во едно село во Украина.