Путин подготвен да ја нападне Латвија! Дали првата нуклеарка од Калинград ќе експлодира токму во Латвија? „ДОНЕСИВМЕ ОДЛУКА ЗАЕДНО СО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА“ Литванија објави по рускиот ултиматум – се очекува следниот потег на Москва
Путин подготвен да ја нападне Латвија! Дали првата нуклеарка од Калинград ќе По еден вид ултиматум што Русија и го испрати на Литванија поради транспортната блокада на Калининград, се огласи и Литванија.
Имено, литванскиот министер за надворешни работи денеска изјави дека неговата земја донела ваква одлука по консултации и по добиеното одобрение од Европската комисија.
На самитот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, Габриелиус Ландсберг изјави дека неговата земја од 17 јуни го забранила железничкиот транзит на секаква стока од Русија, која е под санкции на ЕУ, преку нејзина територија.
– Оваа одлука е донесена по консултации со Европската комисија и е спроведена под раководство на ЕК – објасни Ландсберг.
Шефот на Калининградската област минатата недела предупреди дека официјален Вилнус планира да го запре целиот железнички сообраќај на руска стока низ својата територија, а Москва денеска објави дека „доколку ЕУ не ја поправи ситуацијата со транспортната блокада на Калининград, официјална Москва ќе има да го реши самиот проблем“.