Откако Рама нѐ прогласи за „идна западна Бугарија“, Груби сподели фото и напиша: Респект

 

Откако Рама нѐ прогласи за „идна западна Бугарија“, Груби сподели фото и напиша: Респект

Македонскиот вицепремиер и министер Артан Груби со фотографија го поздрави Еди Рама, кој Македонија ја претстави „западна Бугарија“. Кратко откако јавноста се бунтуваше за ваквиот пристап на албанскиот премиер, македонскиот вицепремиер му одадде почит.

„Респект“, напиша тој споделувајќи фотографија од Рама, Ахмети и него на маса како се смејат.

Во коментарите, Груби доби круни, албански знамиња, но и коментари како „Криминaлец“, „Наркос“, „Еди е одличен“.

Фотографијата доаѓа неколку часа откако цела јавност се крена на нозе по коментарот на Рама, на кој македонскиот премиер Димитар Ковачевски се смееше.

Сепак, останува нејасно дали коментарот на Груби каде изразува почит кон Рама се однесува на неговиот потег каде со невкусна шега ја навреди Македонија. Истиот доаѓа во моменти кога многумина бараат албанскиот премиер да биде прогласен за „персона нон грата“.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа