БАЈДЕН ПОЧНА ДА КУКА НА СИОТ ГЛАС: „Реков дека САД, НАТО и Европа ќе настрадаат поради помошта за Украина!“

Според американскиот лидер, неговата администрација се обидува да ја намали цената на бензинот во земјата, пренесе РИА Новости.

Зголемувањето на цените на бензинот и инфлацијата се очекувани последици од помошта за Украина,  изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден на прием во Демократскиот национален комитет.

– Реков во тоа време, кога решивме да и помогнеме на Украина – тоа ќе не чини и нас. Тоа ќе ги чини западните земји, ќе го чини НАТО. Тоа ќе ги чини и европските земји и нас. Затоа што знаеш што требаше да се случи? Цените на бензините, цената на нафтата мораше да расте, цените на храната мораа да растат – рече Бајден.

Според американскиот лидер, неговата администрација се обидува да ја намали цената на бензинот во земјата, пренесе РИА Новости.

– Но, суштината е дека ќе живееме со оваа инфлација уште некое време. Постепено ќе се намалува, но со тоа ќе живееме уште некое време – предупреди Бајден.

Тој изрази и мислење дека САД имаат добри изгледи за иднината.

„Многу луѓе се загрижени за инфлацијата, цените на храната и други прашања, но факт е дека имаме најбрзо растечка економија во светот“, рече Бајден.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа