Мицко го патосира Стевчо Муња: Се што имаш да си пријавиш

300

Христијан Мицкоски, при денешната посета на Охрид, одговарајќи на новинарско прашање во однос на напуштањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ на Стевчо Јакимовски и обвинувањата за наводни закани и рекетирање истакна дека со Јакимовски од поодамна не е во комуникација, ги отфрли навредите и обвинувањата и посочи доколку има такви индиции, истите да ги пријави во соодветна институција и му посака среќа во понатамошната политичка кариера.

„Па јас со господинот Јакимовски немам комуникација уште од пред Нова година, тогаш еднаш или два пати се видовме да му честитам на тоа што беше избран за градоначалник, ги отфрлам овие навреди, вчудоневиден сум, претпоставувам ако има такви индиции треба да соработува со органите на прогонот и да го пријави, го охрабрувам да го пријави затоа што во спротивно ако не го пријави тоа што го кажува тогаш станува соучесник, нели ја сокрива правдата. Еве јас го охрабрувам тоа да го стори веднаш таму каде што тој еве како искусен човек и политичар мисли дека треба да го стори дали во обвинителството дали во МВР јас стојам тука на располагање сум ако има било какви такви индиции во спротивно за жал тогаш ќе прикрива кривично дело, затоа што обвинувањето е многу големо и сериозно. А што се однесува во делот на напуштање на коалицијата, тој е долги години во политиката јас му посакувам среќа успех понатаму во животот се надевам дека одлуката што ја донесе мисли дека е исправна и дека таа ќе му донесе некаков политички би рекол ете подобар комфор. Бидејќи како што го слушнав во изјават тој вели дека некој му вршел тортура,изживување и не знам уште што се не кажа а луѓето кои што ме познаваат вклучително и тој знам дека тоа не го мисли бидејќи јас сум се, само не сум таков човек. Со еден збор му посакувам среќа во понатамошната политичката кариера“, нагласи Мицкоски.