Утре  ќе биде одземено седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Утре ќе се донесе одлука

Закажувањето на рочиште за пресуда следува по дадените завршни зборови на странките. Последен зборуваше поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски, според кого не постои доказ дека тој договарал што било
Утре во Основниот кривичен суд Скопје ќе се изрече пресудата за случајот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Изрекувањето на пресудата следува откако денеска одбраната, а на минатото рочиште и обвинителството, ги даде своите завршни зборови. Обвинети за злоупотреба на службена положба и овластувања се експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кому му се суди во отсуство и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски.

Обвинителот Љубомир Лапе во своите заврши зборови побара тие да бидат прогласени за виновни, а побара и одземање на имот на партијата, меѓу кои и централниот штаб познат во јавноста како белата палата.

Со тоа, утре ќе биде и познато дали Кривичниот суд со првостепената пресуда ќе одлучи да се одземе седиштето на партијата.

Денеска претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатите Дончо Наков и Ружица Николовска не дадоа завршни зборови бидејќи, како што рекоа, партијата не е странка во постапката (тужител, обвинет или оштетен) туку само заинтересирана страна.

Поради тоа, нагласија, не можат да дадат завршен збор, но и порачаа дека одземањето на имотот би било незаконско.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа