Ова биле првите зборови на Ламбе откако бил уапсен! Еве што рекол Алабаковски во станица “Јас го сторив тоа затоа што сум патриот”

>

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објави на Фејсбук дека сторителот кој го запали Културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е идентификуван и оти станува збор за 34-годишник со иницијали Л.А.

>

– Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото.

>

Пејачот Ламбе Алабаковски е уапсениот потпалувач на вратата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, објави „Фокус“ повикувајќи се на извори од МВР.

>

Според информациите на „Фокус“, Алабаковски се повикал дека чинот го сторил поради „патриотизам“.

>

Во текот на утрешниот ден Левица организира протест во Битола за поддршка на пејачот.

-Благодарност до властите во Република Северна Македонија и до премиерот Димитар Ковачевски за ефективно постапување со кое за што пократко време го фатија пироманот. Апсолутно нема да подлегнеме на провокации кои имаат за цел да ги саботираат односите со нашите соседи, вели Петков.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа