Дали веќе ги стрелаа во Москва? ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО заробените борци на фашистичката АЗОВ: Киев објави – „имаме информации“

135



Украинските разузнавачки служби се во комуникација со заробените припадници на Азовскиот полк кои се предадоа на крајот на мај оваа година по опсадата на фабриката за челик Азовстал.



„Киев прави се што може за да обезбеди нивно ослободување“, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски во петокот доцна навечер.

– Преку нив (разузнавачките служби) дознаваме за условите на притвор, исхраната и можноста за нивно ослободување, изјави Монастирски за украинската телевизија.

– Сите знаеме дека сите ќе бидат тука во Киев и правиме се што е можно за да го обезбедиме тоа, додаде тој.

Русија во мај објави дека речиси 2.000 Украинци се предале по последната битка во урнатините на Мариупол, каде што со недели издржаа во бункери и тунели под фабриката за челик Азовстал. Киев сака да дојде до своите борци преку размена на затвореници.

Некои високи руски функционери побараа да им се суди на некои од војниците. Кремљ соопшти дека борците кои се предале ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа