Овие изгледа први ќе ја јадат руската нуклеарка „АКО РУСИТЕ ВЕ НАПАДНАТ, НИЕ ЌЕ СКОКНЕМЕ ДА ПОМОГНЕМЕ“ Европска НАТО земја подготвена прва да ги одбрани Скандинавците!
Полска ќе им помогне на Шведска и Финска доколку бидат нападнати уште пред да станат членки на НАТО , изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
„Приклучувањето на Шведска и Финска во НАТО го сметам за важен сигнал за зајакнување на безбедноста во Европа “, рече Моравјецки, пренесува Ројтерс.
Финска и Шведска официјално аплицираа за членство во НАТО во средата, по повод војната во Украина.
– Сакам да ставам до знаење дека во случај на напад врз Шведска или Финска за време на нивниот пристапен процес, Полска ќе дојде на помош – додаде Моравјецки.
Повеќе информации за настаните во Украина прочитајте ТУКА .