Блинкон ја обвини Русија дека ги користи залихите со храна како оружје! Ако вака продолжите ЕУ ќе умри од глад
Војната во Украина доведе до глобален пораст на цените на житариците, маслото за јадење, горивата и вештачките ѓубрива
Американскиот државен секретар Ентони Блинкон денеска ја обвини Русија дека користи храна како оружје во Украина и дека држи заложници залихи со храна не само за милиони Украинци, туку и за милиони луѓе ширум светот кои се потпираат на украинскиот извоз, објави Ројтерс.
Блинкон во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН ја повика Русија да престане да ги блокира украинските пристаништа. Русија ја нападна Украина на 24 февруари за да го спроведе она што Москва го нарекува „специјална воена операција“.
Војната во Украина доведе до пораст на глобалните цени на житариците, маслото за јадење, горивата и вештачките ѓубрива.
Русија и Украина сочинуваат речиси една третина од светските резерви на пченица. Украина е исто така главен извозник на пченка, јачмен, сончоглед и масло од репка.