Руско Министерство за одбрана: Вкупно 959 украински војници и наци фашисти од Азов од Азовстал се предале, вклучувајќи 80 ранети
Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република Денис Пушилин изјави дека судот ќе одлучува за судбината на украинските војници кои се предале во Азовстал.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека вкупно 959 украински војници, вклучувајќи 80 ранети, се предале од бункери и тунели под фабриката за челик Азовстал, пренесува Ројтерс.
Највисоките украински команданти во фабриката за челик Азовстал во Мариупол се уште се внатре во фабриката и допрва треба да се предадат, изјави денеска Пушилин, пренесува британската агенција.