Во вежбата учествуваа повеќе од десет летачки екипажи на Балтичката флота Су-27.
Во соопштението на оваа флота се наведува дека борбените авиони Су-27 за време на вежбите ги „уништиле“ авионите на симулираниот непријател, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на новинската агенција Интерфакс.
Активностите на руската армија се одвиваа два дена откако Финска објави дека планира да аплицира за влез во НАТО, а по оваа земја најверојатно ќе следи Шведска, пренесува Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека сака да го спречи проширувањето на НАТО, наведува британската агенција.