Дали најавува војна на балканот? Дмитриј Медведев: Поради санкциите против Русија, ќе има нови регионални војни и епидемии

>

Санкциите наметнати на Русија неизбежно ќе доведат до нови воени конфликти во нестабилни региони, активирање на терористи кои ќе го искористат конфликтот меѓу Русија и Западот, како и нови епидемии предизвикани од напуштање на меѓународната соработка во санитарно-епидемиолошката сфера или директно употреба на биолошко оружје, предупредува Дмитриј Медведев.

 

>

„Ќе избијат нови регионални конфликти во оние места каде што со години не се изнаоѓаат мирни решенија или се игнорираат суштинските интереси на меѓународните играчи“, напиша заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност на својот канал Телеграм.

Медведев, исто така, предупреди дека антируските санкции ќе предизвикаат прекин на синџирите на снабдување, што ќе доведе до голема логистичка криза и до колапс на странските авиокомпании, на кои им е забрането да летаат над руска територија.

>

Според него, можна е валутна и финансиска криза во некои земји, предизвикана од падот на стабилноста на голем број национални валути, галопирачката инфлација и уништувањето на правниот систем за заштита на приватната сопственост.

Како што истакна Медведев, санкциите против Русија ќе доведат до меѓународна криза со храна, со изгледи за глад во некои земји, како и интензивирање на енергетската криза и зголемување на цените на фосилните горива.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа