Медведев до САД: Ќе се скршите пред нас! Гревовите ќе ви се бројат

Поранешниот руски претседател и еден од најблиските сојузници на рускиот лидер Владимир Путин Дмитриј Медведев ги обвини Соединетите Американски Држави дека преку Украина водат посредничка војна против Русија, откако американскиот Претставнички дом одобри пакет за помош на Украина од 40 милијарди долари.

Медведев кажа дека американската економија ќе ги сноси последиците и дека предлог законот кој вчера го усвои Претставничкиот дом е обид „да ѝ се нанесе сериозен пораз на Русија и да се ограничи нејзиниот економски развој и политичкото влијание во светот“.

„Нема да успеат. Машината за печатење со која Америка постојано го зголемува својот и онака пренадуван државен долг ќе се скрши пред да се скршиме ние“, порача тој. За порастот на цените на горивата и продуктите во САД ги обвини „американските русофобни власти“.

Претседателот на руската Државна дума Вјачеслав Володин го обвини Вашингтон дека ја користи помош за да ја „задолжи“ Украина и дека наместо плаќање ги присвојува резервите на жито на таа земја.

„Вашингтон сака нов голодомор во Украина“, напиша тој, мислејќи на гладот од 1930-тите години кој уби милиони Украинци.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа