
Знам дека сте во Русија поради посебна околност. Вие сте тука за да ја добиете наградата на фондацијата за обединување на сите христијански православни луѓе. Денеска е посебен ден и за Русија – денот на словенската литература и кирилицата кои како што сите знаеме ни дојдоа од Македонија. Би сакал да започнам со честитки за оваа награда, рече Путин во своето обраќање до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.