Новите снимки од подготовките на руската војска за големата воена парада што ќе се одржи во Москва во понеделник, 9 мај, додека Русија го слави Денот на победата над нацистичка Германија, прикажуваат голем руски нуклеарен проектил изложен на Црвениот плоштад.
Според британските медиуми, меѓу куп воени возила и опрема во центарот на Москва е забележана термонуклеарна ракета РС-24 Јарс.
Станува збор за проектил тежок скоро 50 тони, кој може да носи до 10 боеви глави.
Интерконтиненталната балистичка ракета може да лета со брзина од 24.500 км/ч и има дострел од 12.000 километри, што значи дека е способна да го погоди Лондон за неколку минути по истрелувањето.
Британското Министерство за одбрана не сакаше да ја коментира руската ракета видена денеска на Црвениот плоштад.