Претставникот на Кина во ОН загрме по НАТО! Доста го лажете светот! Виe ги започнувате сите војни

Постојаниот претставник на Кина во ОН, Џанг Џун, го обвини НАТО дека започнува војни против суверени држави, што носи огромни загуби.

„Спротивно на декларираната одбранбена суштина, НАТО намерно започнува војни против суверени држави, предизвикувајќи огромни загуби меѓу населението и хуманитарни катастрофи“, рече Џанг Џун на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Тој додаде дека проширувањето на НАТО на исток по Студената војна не само што не успеа да ја обезбеди Европа, туку и „го посеа семето на конфликтот“.

Кинескиот дипломат смета и дека испораката на оружје за Украина нема да донесе мир.

„Знаците за одложување и ширење на конфликтот се причина за загриженост. Треба да се напомене дека испораката на оружје нема да донесе мир, дека не може да има победник во конфликтот“, нагласи тој.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа