АМЕРИКА И ЗАПАД се скасаа со КИНА ПОРАДИ РУСИЈА! Пекинг остро возврати: „Вие ја користите Украина како топовско месо илјадници жртви има поради вас“

Остри зборови на заменик министерот за надворешни работи на Кина.

Некои големи земји ја користат украинската криза за да ја ослабат Русија, не се загрижени за мирните преговори и безбедноста на украинскиот народ, изјави кинескиот заменик министер за надворешни работи Ле Јученг.

– Има тврдења дека Кина е на погрешната страна на историјата, имајќи предвид дека не ги осудува постапките на Русија и не воведува антируски санкции заедно со САД и западните земји. Има дури и закани дека тие земји ќе воведат санкции кон Кина – рече Ле Јученг, говорејќи на онлајн дијалогот на глобалните тинк-тенкови од 20 земји во светот. Дијалогот го организираа Народниот универзитет на Кина и институтот Чунјан.

– Кина нема геополитички цели во таа криза. Напротив. Некои големи сили не направија ништо за да помогнат во решавањето на овој проблем или да посредуваат во мировните преговори. Тие се обидуваат да ја искористат кризата за да ја ослабат Русија и да се борат до последниот Украинец – рече тој на форумот за мир и демократија, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека веројатно не се грижат за мировните преговори или примирјето, „ниту се грижат за животите и безбедноста на луѓето во Украина“.

– Тие се единствените кои се решени да ја користат Украина како топовско месо за да ја ослабат Русија и да ги жртвуваат Украинците за да им служат на нивните хегемонистички амбиции и геополитички цели – додаде кинескиот функционер.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа