Вмровците донесоа одлука! Мицковски го повика народот да се приклучи во финалниот удар врз СДСМ! Следете ме народе!ОД 10 МАЈ АКТИВНА БЛОКАДА НА ПАРЛАМЕНТОТ СЀ ДО ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВМРО-ДПМНЕ остава простор за лидерска средба

Ова се првите чекори, а потоа ќе продолжиме да разговараме за идни чекори, при што сите опции се на располагање. Овојпат ќе одиме до крај, се до конечно менување на грдата реалност, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го прифати предлогот на партискиот лидер Христијан Мицкоски и најави активна блокада на Собранието од 10 мај, соопшти потпретседателот Александар Николоски.

– Животот во национална катастрофа станува секојдневие, ваквиот чекор е реакција на акциите на власта, тоа ни дава обврска да одговориме на нив. На седницата на извршниот комитет донесовме заклучок за активна блокада на Собранието, што подразбира блокада на сите штетни закони што доаѓаат од СДСМ и од ДУИ. Блокадата ќе стапи на сила на 10 мај, а дотогаш ДУИ И СДСМ да размислат и да се отвори за дијалог и да прифатат лидерска средба. Топката е сега кај СДСМ и ДУИ, да седнеме на лидерска средба и да го дефинираме датумот за лидерска средба – побара Николовски.

Тој рече дека блокадата е само почеток, прв во низата на чекори кои оваа партија ќе ги преземе доколку власта не прифати лидерска средба на која би се договорил датум за предвремени парламентарни избори.

– Оваа активна блокада ќе трае во континуитет се до договор за датум за парламентарни избори. Ова се првите чекори, а потоа ќе продолжиме да разговараме за идни чекори, при што сите опции се на располагање. Овојпат ќе одиме до крај, се до конечно менување на грдата реалност – изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повика на мобилизација и активизам од граѓаните.

Седницата на извршниот комитет на партијата продолжува, а Николовски најави дека вечерва ќе бидат донесени и други одлуки.

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа