Како што рече, членовите на таа служба важат за едни од најквалификуваните експерти во светот во областа на организирање пуч, масовни протести и собири, организирање убиства на политички функционери, регрутирање, но и подготовка на терористички акти .
– Тоа не се обични специјалисти, тоа се интелектуалци кои во својот состав имаат идеолози, така да се каже професори, а останатите се експерти од различни области – рече тој.
Претставникот на руската армија рече и дека тие обично работат во борбени зони под маската на медицински работници или хуманитарци .
Специјалната воздушна служба, скратено САС, е единица на британската армија, основана во 1941 година . како полк, до 1950 г. реконституиран како корпус. Оваа единица послужи како модел за создавање на многу специјални единици ширум светот.