Писателот Александар Русјаков во неговата најнова колумна за Нова Македонија пишувајќи за ликот и делото на Ванчо Михајлов го опишува како фашист, антимакедонист, бугараш по потреба. Русјаков смета дека Михајлов тоа не го правел од идеолошки причини туку во зависност од неговата лична корист.
Ванчо Михајлов нема идеологија. Тој е гангстер и како таков е близок со бугарскиот двор, Мусолини, нацистите, Британската Империја, масонските ложи, Коза ностра. За лична корист, секако. Тоа го прави нивни соработник. И како човек без идеали, најмногу личи на денешнава нордистанска октроирана власт. Тие не се никакви наследници на антифашизмот. Напротив, многу нивни предци биле вазали на фашисти. Откако ги истребија вистинските комунисти и станаа црвена буржоазија, преку своите удбашки џелати ја карактеризираа секоја идеја за независна Македонија како ванчомихајловистичка, што е апсурд само по себе, ама ним апсурдот им прилега. По независноста продолжија со ист наратив, но сега ВМРО-ДПМНЕ станаа ванчомихајловисти. Чудни се патиштата господови, чудесна е божјата промисла. Еве ги сега, како марионети на САД, ЕУ и НАТО ја запеаја својата ванчомихајловистичка песна, посипувајќи се самите себеси со изметот на ироничната судбина, пишува Русјаков.