ПУТИН НАПАЃА ЖЕСТОКО УТРОВО! МОЌНИ ЕКСПЛОЗИИ ОД РАНО УТРО И ЕКО ВО КИЕВ! Низ цела Украина завиваат сирени за воздушна опасност
Во Киев рано утринава се слушнале силни експлозии, а ширум земјата се огласиле и сирени за воздушна опасност.
Нема директни извештаи за штети по експлозиите пријавени во Киев, Керсон во јужна Украина, источниот град Харков и Ивано-Франковск на западот од земјата, а украинските медиуми објавија прекини на електрична енергија во делови од Киев , пренесува Ројтерс.
Сирените предупредувајќи за воздушни напади се огласија во сите региони на Украина веднаш по полноќ, а продолжија да се огласуваат во источните региони Луганск и Запорожје, дури и откако тие замолкнаа во другите делови, објавија украинските медиуми.