Бомба на Боки 13: Вештачете го мојот телофон да видите како се поврзани Заев со Камчев и Вилма

Денеска пред Граѓанскиот суд, со чист образ, со сигурност и факти ја распарталивме правосилната карикатурна и незаконита пресуда за Рекет со која сме осудени и по која Камчев бара надомест на штета!!! Денеска пред судот истакнав нови околности кои не ми беа дозволени да ги зборувам во текот на кривичната постапка и каде не ми беше дозволено вештачење и изведување на доказите од мојот телефон. Јасно истакнав пред судот како се одвивале сите дејствија, воедно аргументирано ја опишав целата поврзаност на лицето Зоран Заев тогашен премиер, Јордан Камчев, , Кичеец и Вилма Русковска!!! Денеска Јордан Камчев даде сосема нов исказ, сосема спротивен на оној во Рекет, по кој исказ сме ние осудени!!! Кога некој брутално лаже и не ја говори вистината, на крајот заборава кога, што и како излажал, па затоа ова е четврти по ред различен исказ на Камчев!!! На лагата и се кратки нозете, па така денеска Камчев се дематираше сам себе си за сите претходни наводи и тврдења за случајот Рекет!!!
Денеска Јордан Камчев неуморно го бранеше Зоран Заев, велејќи дека Заев не бил судија и обвинител и дека не го пријавил случајот кај него, а претходно велеше дека го пријавил токму кај Заев, бидејки имал доверба во истиот. И замислете денеска кажа дека во март 2019 случајот го пријавил кај неговата омилена жирант обвинителка Русковска, какви лаги и небулози, надвор од здрав разум!!! Неспорно денеска можеше да се види криминалната поврзаност на лицето Зоран Заев, Камчев, Кичеец, бугарските пријатели на Камчев и Заев (кои го урнисаа суверенитетот на нашата држава) и обвинителското дно Русковска!!!Денеска се обвистини претходно напишаното дека Кичеец нема да дојде и дека за торбоносецот ќе биде повлечена тужбата, поради фактот дека тоа е мафијашки договор на погоре опишаните!!! Се виде јасно како бел ден кој стои зад целата операција Рекет, на записник со визуелно тонска снимка за сето изнесено денеска пред судот!
Денеска за прв пат Катица Јанева зборуваше пред судот за влијанијата и уцените кои ги трпела од функционерите и политичките чинители, за кои кажа дека тогашните политички елити имале договор со економските елити!!!
Поради милион суштествени повреди на ЗКП во правосилната пресуда и поради императивот за утврдување на вистинската фактичка состојба денеска апелиравме до Врховниот суд за уважување на барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, каде ќе имаме можност за фер судење, со почитување на законот, бидејки сме осудени без ниеден доказ !!!
Своите права и правдата ќе ја барам до крај, до конечна победа над ова ЗЛО!!!
ДЕНЕСКА РЕКЕТ Е ПАДНАТ !!!
Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски. Објавено од администратор на профилот на Бојан Јовановски
Можно е да е слика од 2 луѓе, седнати луѓе, чанта, очила за сонце и внатре
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа