Отворен повик до Спасовски: ОСТАВКА! Се обидовте да сокриете убиство

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека институциите го прикривале убиството на хрватскиот ракометар Тот. Тие побараа оставка од Спасовски во свое соопштение. Го пренесуваме написот во целост:

„Излезе на виделина убиството кое Спасовски и Ковачевски го криеја, одговорност во врвот на власта мора да има.

Од снимките објавени во медиумите се гледа како три лица го тепаат починатиот ракометар Тот, а сведоци на настанот се десетина луѓе.

Спасовски и Ковачевски три пати ги менуваа изјавите. Институциите се ставија во погон на прикривање на убиство.

Спасовски и Ковачевски и институциите под нивна контрола ги сменија изјавите кога притисокот на јавноста, медиумите и опозицијата беше преголем.

Како можеше Спасовски и Ковачевски да се дрзнат да прикријат убиство?

Снимките кои ги видоа граѓаните со сигурност им се достапни на институциите уште од сам почеток, зошто не реагираа е прашање во чиј одговор се крие и зошто се обидоа да го сокријат убиството.

Спасовски мора да понесе одговорност. Потребна е оставка веднаш“, се вели во соопштението на ВМРО-

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа