Бачев покажа документ од МВР со кој се докажува дека не биле попишани дури половина милион Македонци

Јанко Бачев од партијата Единствена Македонија објави документ од Министерството за внатрешни работи кој докажува дека власта, на пописот, има скриено над 400,000 Македонци од дијаспората, покрај 132,000 кои бојкотираа во земјата.

Пред пет дена во македонската Филхармонија се собраа непријателите на македонското дело и објавија некаков пописен резултат за 2021 година. Според нив, вкупниот број на резидентно и нерезидентно население, македонски државјани во земјата и во странство, имало вкупно два милиони, 97 илјади и 317 лица. Но Единствена Македонија дојде до документот од Министерството за внатрешни работи, за регистарот на државјани. Ова е тој документ. Од него се гледа дека вкупниот број на македонски државјани во земјата и во странство е два милиони, 500 илјади и 326 лица. Значи, кога бројка што ја кажува власта се одземе од вкупниот број на државјани, фалат уште 404,861 лице, а ова се речиси сто проценти македонци кои не се попишани – нашите Македонци од Австралија, САД, Канада и Европа, вели Бачев.

Заедно со бојкотирачите, вкупно не се наведедни 537,121 македонски државјанин, кои речиси сто отсто се Македонци. „Од друга страна, Албанците во странство беа целосно попишани бидејќи министрите Албанци од Владата шетаа по Европа и ги собраа матичните броеви на Албанците во странство во координација со албанската шпионска служба“, обвинува Бачев.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа