СДСМ и ДУИ со пописот им направиа демогравски геноцид на ромите во Шуто Оризари

На пример, во Шуто Оризари направен е своевиден демографски геноцид со административното попишување на 4.485 граѓани што претставуваат фрапантни 17,43% административно попишани граѓани од оваа скопска општина.
Со дополнителна анализа на резултатите од пописот во 2021 година и пописот во 2002 година може да се забележи дека популацијата на Ромите во периодот помеѓу двата пописа е намалена за 2.075 граѓани, додека забележителен е значителниот пораст на албанската популација за 3.312 граѓани. Вака презентираните бројки покажуваат зголемен наталитет само кај албанската популација во општината додека Ромите во Шуто Оризари изумираат.
➡️ Многу очигледно е дека ваквата состојба на бројките не соодветствува на реалните прилики во оваа општина и добиените податоци, собрани со пописот, воопшто не можат да се користат за анализа и оценка на состојбите во економскиот и социјалниот развој на општината, планирањето на развојот во стопанството, образованието, здравството, домувањето и во другите економски и социјални сфери.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа