Необјавувањето на живеалиштата на лицата од дијаспората ги загрозува колективните права што ги уживавме досега, оценува Алијанса за Албанците.
Според нив, во Кичево Албанците може да го загубат правото за употреба на националното знаме. Затоа го повикуваа Заводот за статистика да излезе со детални податоци за нерезидентното население.
-Необјавувањето на живеалиштата на лицата од дијаспората одигра негативна улога во прикажувањето на реалниот процент на етничките заедници во државата. Ова ги загрозува колективните права што ги уживавме досега. Во Кичево процентот на Албанци падна под 50% и тоа ја загрозува употребата на националното знаме. Се манипулира со резултатите од пописот и за тоа сведочат неспорните факти за кои надлежните ќе треба да дадат објаснување, велат од Алијанса за Албанците.