Откако ги растури на локали Мицко секојдневно почна да ги гази! СДСМ на Мицкоски треба да му плати 1 евро и да ја објави пресудата во негова корист

>

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба за клевета против СДСМ за изнесена клевета и вчера со пресуда на Основниот граѓански суд во Скопје ја доби пресудата во негова корист. Според пресудата за нанесената штета СДСМ на Мицкоски ќе треба да му плати 1 евро и да ја објави пресудата во еден дневен весник. Мицкоски ја објави пресудата на својот фејсбук профил и напиша – „вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчани“.

Тужбата беше поднесена откако СДСМ на својата фејсбук страница објави дека „антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски. Мицкоски е пион кој се збогатил благодарение на неговиот  шеф и ментор“. Ова за судот според членовите 6 и 8 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, претставуваат навреда и клевета.

>

Мицкоски на својот фејсбук-профил ја објави и пресудата против Љупчо Ристовски, исто така за навреда и клевета. Еве го и коментарот на Мицкоски за овие пресуди:

„И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени.

>

Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи. Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме!“

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа