Скопјани не го издржаа поразот од Пелистер! Брука невидена: Скопје како Палестина – Се испотепаа Комити и Чкембари, има и повредени полицајци

>

Двете познати навивачки групи Комити и Чкембари започнаа физичка пресметка на трибините на СЦ Јане Сандански уште за време на ракометното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Полицијата интервенираше и дербито продолжи, но навивачките групи ја довршија тепачката и по крајот на натпреварот.

>

Во моментов има физичка пресметка помеѓу навивачите на двата ракометни клубови на помеѓу хотел Хилтон и хотел Русија, каде очевидци информираат дека настанала вистинска брканица, се мавало со камења, а има и повредени навивачи и полицајци.

Сообраќајот во тој дел на Скопје е закочен, инфомациите велат дека има и оштетени возила.

>

МВР распоредува засилени полициски екипи на местото на настанот.

Комити и Чкембари се познати по тензијата и ривалството кои постојат помеѓу навивачките групи. Ова не е прв инцидент од ваков тип, но е голем срам бидејќи двете групи важат за патриотски. Вакви пресметки помеѓу Македонци и македонски навивачки групи претставуваат срам за спортот и за Македонците.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа