Европа не издржа ни 2 недели без рускиот гас? Британија е подготвена ЦЕЛОСНО да ги укине санкциите кон Русија со овој услов

Главните услови за укинување на санкциите кон Русија се прекин на огнот и повлекување на војниците од Украина. Ова го изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трус, пренесуваат странските медиуми.

– Овие санкции треба да бидат укинати само со целосен прекин на огнот и повлекување на војниците, како и обврски дека нема да има натамошна агресија. Дополнително, постои можност за санкции доколку се случи дополнителна агресија во иднина. Тоа е вистински лост што мислам дека може да се искористи – рече Трус и додаде дека механизмот „не бил користен во 2014 година“.

Шефот на британскиот „Форин офис“ повика и на „удвојување на санкциите и бројот на испорачано оружје во Украина“. Според нејзиното мислење, продолжувањето и зајакнувањето на ваквите мерки би можело да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса.

На 24 март Велика Британија воведе санкции за 59 физички лица и компании во Русија. Ограничувањата ги опфаќаа Газпромбанк, Роселхозбанк, Алфа-банк, СМП-банка, Руски железници (РЗД), Совкомфлот, РусХидро и руски одбранбени компании.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа